Недела 4-та по Воскресение (на Раслабениот)
На 07.05.2017 година, Недела 4-та по Воскресение (на Раслабениот), Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Златоустова литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ – Гостивар, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво протопрезвитер-ставрофор Боге Богојески, протопрезвитер Андон Андоноски и ѓакон Мартин Андоноски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови тајни. По литургијата Митрополитот заедно со архиерејскиот намесник од Гостивар и со членови од иницијаттивниот одбор, беа во посета на манастирската црква во изградба посветена на „Преображение“ во населбата Циглана – Гостивар.